Премиерлига

Манчестер јунајтед го совлада Шефилд јунајтед со 2-3 за нова историја во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2-3 триумфираше против Шефилд јунајтед, избраниците на Солшер испишаа историја и станаа првиот тим во ерата на Премиерлигата кој постигнал два или повеќе голови на гости на 10 натпревари во низа.

„Ѓаволите“ со цел плен се враќаат од „Брамал лејн“ и покрај тоа што го почнаа натпреварот со голем кикс на голманот Дин Хендерсон, кој на Шефилд јунајтед му подари гол по пет минути игра.

Рашфорд изедначи во 26. минута со убав полу-волеј од врвот на шеснасетникот а Марсијал донесе предност во 33. минута откако одбраната на домаќините заспа а голманот Рамсдејл не се снајде најдобро.

На стартот од вториот дел, Рашфорд финишираше една одлична акција за 1-3. Гостите потоа имаа две добри прилики да ги решат сите дилеми, но откако не реализираа, МекГолдрик по втор пат се запиша во листата на стрелци во 87. минута и ја направи завршницата интересна.

Шефилд јунајтед се обиде да го изненади фаворитот, имаше една шанса, но Хендерсон одбрани и ги сочува трите бода.

За Манчестер јунајтед ова беше десета победа на гости во низа и „ѓаволите“ станаа само четвртиот тим кој може да се пофали со ваква статистика во најсилното првенство на Англија (Тотнем има 10 победи во 1960, Челси има 11 победи во 2008 и Манчестер Сити има 11 победи во 2017).

Избраниците на Солшер исто така станаа првиот тим во ерата на Премиерлигата кој постигнал два или повеќе голови на гости на 10 натпревари во низа, и првиот тим по Тотнем во 1960 година во најсилното првенство на Англија.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе