Арсенал на Олд Трафорд отпатува со пет победи од пет натпревари, но си заминува со првиот пораз, Манчестер јунајтед одигра одличен натпревар и заслужено ги освои трите бода.
Ерик тен Хаг му даде шанса на Антони од првата минута и тоа се покажа како вистински потег.
Прво се тресеше мрежата на Де Хеа, во 12. минута Мартинели даде гол, но ВАР го поништи погодокот поради прекршок над Ериксен.
Во 35. минута по една убава акција, Антони даде гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0. Деби од соништата за Бразилецот.
Кристијано Роналдо во игра влезе во 58. минута на местото од Антони. Две минути подоцна по лоши интервенции на Варан и Далот, Сака изедначи на 1-1.
Но радоста на топчиите не траеше долго, во 66. минута по аситенција од Бруно Фернандеш, Рашфорд даде гол и го врати водството на Манчестер јунајтед на 2-1.
На 15 минути до крајот на мечот, Рашфорд погоди уште еднаш и ги постави конечните 3-1, овојпат по асистенција на Ериксен.
И покрја поразот, Арсенал останува лидер во Премиерлигата со 15 бодови, Манчестер јунајтед со 12 бодови е на шесттото место.