Францускиот претседател потврди

Макрон: Помогнав Мбапе да остане во ПСЖ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон открива дека помогнал во убедувањето на Килијан Мбапе да остане во ПСЖ. 

Дилемата на Мбапе беше дали да се пресели во Реал Мадрид или да остане во ПСЖ. На крајот реши да стави потпис на нов тригодишен договор со францускиот клуб.
 
Макрон кој иако е фан на Марсеј, помогнал Мбапе да остане во ПСЖ. Вели дека тоа било од патриотски причини, фудбалерот да се задржи во Франција, наместо да замине во Шпанија.
 
„Да, точно е тоа, имав разговор со Килијан Мбапе пред да ја донесе одлуката за неговата иднина“, вели Макрон.
 
„Го советував на потполно информативен начин да остане во Франција. Верувам дека моја одговорност како претседател е да застанам во одбрана на земјата кога тоа е побарано од мене на неформален и пријателски начин“.
 
„Никогаш не сум интервенирал за било каков трансфер. Само како и секој граѓанин, кога спортот е во прашање сакам да гледам добар натпревар и да навивам за тимот, во мојот случај тоа е Марсеј“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе