ФФМ ги додели лиценците

Македонските претставници во Европа, добија лиценци за настап

Сите македонски претставници во европските купови, добија лиценци од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

Шкупи ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а Академија Пандев и Шкендија во квалификациите за Конференциската лига.
 
Македонија ќе има уште еден претставник во квалификациите за Конференциската лига, а тоа ќе биде победникот на Купот на Македонија, некој од Македонија Ѓорче Петров и Силекс кој се игра во петок од 18 часот.
 
Сите овие клубови се дел од осумте кои добија лиценци од ФФМ за настап во натпреварувањата на УЕФА.
 
Комисијата за лиценцирање на ФФМ по завршување на постапката за лиценцирање им издаде лиценца за учество во УЕФА клупските натпреварувања за сезона 2022/23 на клубовите: Ренова, Шкендија, Шкупи, Силекс, Работнички, Струга ТЛ, Македонија ЃП и Академија Пандев.
 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе