Австрија беше голем фаворит во мечот и јасно беше дека тие ќе дојдат до победата, но за жал поразот на Македонија беше многу убедлив. Тој ги достигна оние 0-10 кои македонските фудбалерки ги претрпеа од Англија, во Скопје, во април и беа само еден гол пократки од негативниот рекорд за нас во овој циклус - 0-11 против Северна Ирска.
По првото полувреме беше 4-0 за Австријките, а конечниот резултат го поставија во 78. минута. Никол Била се истакна меѓу нив со хет-трик. Со овој пораз, Македонија го завшува циклусот на петто место, во групата со шест екипи, со шест бода, благодарение на двете победи над Летонија. Сите останати натпревари ги загубивме и нашата гол-разлика на крај изнесува 10-62.
Новиот европски првак, Англија, како првопласирана, со максимални 10 победи, се пласира директно на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд, а Австријките како втори одат во дополнителен плеј-оф.