Квалификации за ЕП

Македонија У21 со пораз се враќа од Србија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, со 2-1 го загуби квалификацискиот натпревар од Србија кој се играше на стадионот во Вождовац. 

Србија беше подобар противник и заслужено дојде до трите бода, избраниците на Драган Канатларовски се обидуваа да парираат, но создадоа помалку шанси за гол, а направија и грешки во одбраната кои беа клучни за поразот.
 
Србија поведе уште во 9. минута. Слабата поставеност на нашата одбрана при еден корнер, му озвозможи на Милош Пантовиќ лесен гол со глава.
 
До крајот на првото полувреме Србите имаа уште неколку добри шанси, но голманот Давид Денковски спречи поубедливо водство на противникот.
 
Во 67. минута проблемите за Македонија се зголемија откако Исени заработи втор жолт картон, останавме со фудбалер помалку.
 
На осум минути пред крајот Денковски одлично му одбрани удар на Немања Миловановиќ, но топката дојде до Јовиќ кој реализираше за 2-0 за Србија.
 
Македонија експресно врати, Бојан Димовски излезе сам пред српскиот голман и реализираше за 2-1. Но тоа беше и конечниот резултат, не успеавме да избегнеме пораз.
 
Со оваа победа Србија ја престигна Македонија на табелата, по седум кола тие имаат осум бода на третата позиција, ние шест бода на четвртата. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе