Лига на нации

Македонија остана во четвртиот шешир за ждрепката за ЕУРО 2024

Македонската фудбалска репрезентација остана во четвртиот шешир за ждрепката за ЕУРО 2024 откако Грција не дозволи изненадување во Атанина и ја совлада селекцијата на Северна Ирска со 3-1. 

Косово го уништи Кипар со 5-1 и ја помина Македонија на листата, па потребно ни беше Грција да не загуби од Северна Ирска, тоа и се случи.
 
Грците со 3-1 ја победија Северна Ирска и Македонија како последна во четвртиот шешир ќе ја чека ждрепката за ЕУРО 2024 која ќе се случи на 9. октомври.
 
Познати се сите шест шешири, во нашиот се уште и Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови. Тоа значи дека ниту една од овие селекции нема да ни биде противник.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе