Не можеше потешко

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето од баражот за СП 2022

Македонската фудбалска репрезентација немаше среќа во ждрепката за баражот за СП, ќе гостуваме кај Италија, а ако ја поминеме ќе играме со победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. 

Македонија ќе треба да го помине Европскиот шампион за да се пласира во финалето од баражот, а таму ќе го има подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција ќе биде домаќин во финалето на победникот од полуфиналето меѓу Италија и Македонија.

Група А

Шкотска - Украина

Велс - Австрија

Група Б

Русија - Полска

Шведска - Чешка

Група Ц

Италија - Македонија

Португалија - Турција

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 24. март 2022, финалињата се на 29. март.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе