Осминафиналниот натпревар меѓу Победа и Македонија Ѓорче Петров се играше денеска во Прилеп, а гостите се тие кои дојдоа до победата.
Натпреварот беше решен многу рано, по пет минути игра Емир погоди за водство, а 19 минути потоа и Ермедин Адем реализираше за 2-0 што беше и конечен резултат.
Овој меч не се одигра во редовниот термин поради настапот на младинскиот тим на Победа во младинската ЛШ.
Покрај Македонија ЃП, во четвртфиналето ќе играат и екипите на Академија Пандев, Шкендија, Шкупи, Вардар, Струга Трим Лум, Брегалница и Силекс.