ПМФЛ

Македонија ЃП ја прекина победничката серија на Струга ТЛ, Алексовски донесе бод

Струга Трим Лум беше на чекор до деветта победа по ред во Првата македонска фудбалска лига, но Македонија Ѓорче Петров успеа да се спаси од пораз и покрај тоа што играше со фудбалер помалку, Работнички со 3-1 славеше на гостувањето кај Брегалница во Штип. 

Струга Трим Лум поведе со гол на Буњамин Шабани во 62. минута, а 15 минути подоцна Македонија Ѓорче Петров остана и со играч помалку откако Матеус Лемос заработи втор жолт картон.
 
Но и покрај тоа, домаќините не се предадоа. Ермедин Адем на шест минути до крајот промаши пенал за израмнување, но две минути подоцна Алексовски даде гол за 1-1.
 
Ова беше прв меч без победа за Струга Трим Лум оваа сезона.
 
Работнички направи изненадување со новиот тандем на тренерското место Милан Илиевски - Баже Илијоски, романтичарите триумфираа во Штип против Брегалница со 3-1.
 
Резултатот беше отворен во 25. минута кога Крсте Велкоски даде гол од пенал за водство на Работнички. Во 60. минута Брегалница промаши пенал преку Алтипармаковски, но три минути подоцна Милан Ѓокиќ израмни на 1-1.
 
Сепак, Рушевиќ во 76. минута го врати водството на Работнички, а Велкоски на минута пред крајот ги постави конечните 1-3.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе