Куп на Македонија

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија, Стевковски е херојот

Македонија Ѓорче Петров дојде до својот втор трофеј од Купот на Македонија откако по подобро изведување на пенали го победи Силекс во финалето, мечот во 120 минути игра немаше голови. 

Уште едно финале од Купот на Македонија во кое немаше голови во текот на 120 минути. На теренот се случуваше тактичка битка меѓу Македонија Ѓорче Петров и Силекс која не беше убава за гледање од страна на неутралната публика.
 
Македонија Ѓорче Петров го имаше поседот на топка, Силекс се бранеше и се обидуваше од контра напади да го загрози голот на противникот.
 
Најдобрата шанса на мечот ја имаше Силекс преку Антонио Каланоски кој се најде во идеална позиција но голманот Христијан Стевковски го одбрани неговиот удар.
 
Во пенал серијата херој на Македонија Ѓорче Петров беше токму голманот Стевковски кој со движења по гол линијата се обидуваше да го насочи шутот на фудбалерите на Силекс и да ги одбрани ударите, тоа му успеа двапати, доволно за победа.
 
Стевковски ги одбрани ударите на Бухан Алии и Благоја Спирковски, за Македонија Ѓорче Петров промаши само Јован Попзлатанов кој се обиде со паненка да донесе победа во четвртата серија, но се посрамоти. 
 
Пенал серијата заврши 4-3. За Македонија Ѓорче Петров во пенал серијата погодија Адем, Личина, Атанаскоски и Емини, за Силекс прецизни беа Цветановски, Стојчевски и Каланоски.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе