Ждрепка за баражот за СП 2022

Македонија денеска ќе дознае кои ѝ се последните пречки до Светското првенство во Катар

Денеска, 26. ноември, со почеток од 17 часот во Цирих, ќе почне ждрепката за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар наредната година. 

Македонија денеска ќе го дознае својот противник во полуфиналето и можниот ривал во финалниот дуел од баражот за пласман на Мундијалот.
 
Во полуфиналето ќе играме со некој од носителите: Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска или Велс.
 
А во групата на неносители покрај Македонија се уште и селекциите на: Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.
 
Ќе бидат формирани три групи, ќе се игра по фајнл-фор принцип, полуфинале и финале, победниците од секоја група ќе одат на Светското првенство.
 
Полуфиналните натпреварите ќе се играат на теренот на носителите, што значи дека ќе гостуваме кај селекцијата која ќе ја добиеме. А домаќинот на финалните мечеви ќе биде одреден со ждрепка.
 
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 24. март 2022, финалињата се на 29. март.
 
Светското првенство ќе се игра од 21. ноември до 18. декември. 
 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе