По шокантниот пораз од Саудиска Арабија, Аргентина вечерва ризикуваше елиминација во случај на пораз во пресметката со Мексико.
Но Лео Меси и Енцо Фернандез не дозволија дебакл, и во натпревар со малку шанси а многу борба, донесоа триумф од 2-0.
Во 64. минута, на Меси му беше оставен малку повеќе простор, па напаѓачо тна ПСЖ од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше по земја за 1-0.
Трите бода беа осигурани во 87. минута кога Енцо Фернандез прекрасно пласираше во аголот за 2-0.
Во последното коло сите комбинации се можни во групата Ц, па за очекување се возбудливи дуели.