НБА

Маестрална партија на Батлер, со трипл-дабл го предводеше Мајами до прва победа над Лејкерс во финалето (ВИДЕО)

Мајами намали на 2-1 во финалната серија против Лос Анџелес Лејкерс откако третиот меч го доби со 115-104, Џими Батлер беше ѕвезда на вечерта. 

И покрај тоа што играше без Бем Адебајо и Горан Драгиќ, Мајами успеа да го победи Лејкерс, пред се благодарение на одличното издание на Џими Батлер.
 
Натпреварот беше изедначен во најголемиот тек, Мајами водеше, но Лејкерс се враќаше. Езерџиите дојдоа и до предност во последниот период, но Мајами имаше одличен финиш и дојде до победа од 115:104.
 
Џими Батлер постигна 40 поени, имаше 11 скокови и 13 асистенции, беше убедливо најдобар на теренот, Олиник и Хироу постигнаа по 17 поени.
 
Во составот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 25 поени, Ентони Дејвис имаше само 15 поени.
 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе