петок, 26 април 2024
Време

Сончево со мала облачност

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно ведро и наместа постудено. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ