Серија А

Лукаку и Џеко во улога на асистенти, Мартинез и Кореа стрелци, Интер без проблеми со Специја (ВИДЕО)

Интер без многу проблеми стигна до победа од 3-0 над Специја, домаќините славеа со головите на Лаутаро Мартинез, Хакан Чалханоглу и Хоакин Кореа.

Интер се помачи во првото коло и гостувањето кај Лече, но вечерва избраниците на Симоне Инзаги лесно славеа против Специја.

Резултатот беше отворен во 35. минута, Лукаку со глава спушти топка за Мартинез а Аргентинецот од врвот на шеснаесетникот погоди по земја за 1-0.

На старот од вториот дел, Лукаку и Шкрињар се обидоа двојно да проиграат, топката стигна до Чалханоглу, кој ја затресе мрежата за 2-0.

Во финишот од натпреварот, резервните напаѓачи Џеко и Кореа ја запечатија победата. Босанецот доби топка во фор, убаво ја смири на гради и несебично го проигра својот колега од нападот за 3-0.

https://media.mozzartaffiliates.com/redirect.aspx?pid=3227&bid=1686

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе