СП 2022

Лукаку се изнапромашува, Хрватска оди во осминафинале (ВИДЕО)

Белгија и Хрватска одиграа 0-0, Ромелу Лукаку е трагичар на белгиската селекција, промаши неколку големи шанси, Мароко со 2-1 ја совлада Канада и како прв од групата оди во осминафинале. 

Хрватска и Белгија одиграа возбудлив натпревар кој заврши без голови, Хрватите на крајот беа посреќни, Лукаку се изнапромашува, ја погоди и стативата.
 
Лукаку во игра влезе со почетокот на второто полувреме и до последната минута од мечот имаше големи шанси за гол, но се гледа дека е далеку од нормална форма.
 
Хрватска успеа да го одржи ремито и како второпласирана патува во осминафиналето на Светското првенство.
 
 
Таму ќе биде и Мароко кој со 2-1 ја совлада Канада, резултат постигнат во првото полувреме.
 
Мароко поведе уште во четвртата минута по еден голем кикс на Борјан, Зијеш реализираше за 1-0.
 
Во 23. минута веќе беше 2-0 за Мароко благодарение на гол на Ен Несири.
 
На пет минути до крајот на одморот, Агуерд си постигна автогол и ги постави конечните Мароко - Канада 2-1.
 
Мароко со седум бода го освои првото место, Хрватска со пет е втора, Белгија испадна со четири бода, Канада не освои ниту еден бод.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе