четврток, 28 март 2024

Приведено е уште едно лице, сега се вкупно три за убиството на докторот во скопска Железара, вели Тошковски

Приведено е уште едно лице во врска со убиството на 67-годишниот доктор кој минатиот четврток доцна навечер беше пронајден убиен во близина на поликлиниката Железара. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски од Босилово, одговарајќи на новинарско прашање кои се новите информации во истрагата за убиството на докторот.

Објавено на

часот

Сподели

„Значи, приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичката состојба. Штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде известена“, изјави Тошковски.

Тој вчера во готување во поткастот „Претрес“ изјави дека две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ