Напаѓачот на Интер тешко се помирил со поразот во финалето

Лукаку: По поразот од Севиља четири дена не зборував

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку вели дека му било многу тешко по поразот од Севиља во финалето од Лига Европа, дури по четири дена успеал да се крене.

Севиља со 3-2 го победи Интер во финалето од Лига Европа, при резултат од 2-2, на 15 минути пред крајот Лукаку си постигна автогол кој на крајот се покажа како клучен за титулата на тимот од Андалузија.

„Тоа беше тежок момент за мене. Четири дена со никого не зборував. Но еден ден, се разбудив и си дадов причина да се вратам во нормала. Си реков, можеш да изгубиш, но само за да научиш како да победиш“, вели Лукаку.

Белгиецот е задоволен што Интер се засили со Артуро Видал.

„Тоа е многу важно, тој е голем фудбалер. Не може да освоите толку со различни тимови ако не сте на топ ниво“.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе