Норвежанецот покажа дека е голем човек

Луис Суарез му симна капа на Ерлинг Халанд за убавиот гест (ФОТО)

Ерлинг Халанд му го разубави роденденот на синот на Луис Суарез, Норвежанецот испратил потпишан дрес од Борусија Дортмунд за младиот Бенџамин.

Ерлинг Халанд е новата фудбалска ѕвезда која треба да доминира во следните години, Норвежанецот е миленик на голем број фудбалски љубители ширум светот.

Еден од нив е и Бенџамин Суарез, синот на Луис Суарез. Татко му можеби е еден од најдобрите напаѓачи, но младото момче за идол го има голгетерот на Борусија Дортмунд.

Во неделата, Бенџамин наполни 8 години, а денот дополнително му бил разубавен со специјален подарок, добил дрес на Ерилнг Халанд со посвета, „Среќен роденден Бенџамин!“

Луис Суарез на социјалните мрежи изрази голема благодарност за убавиот гест.

„Топ фудбалер... многу сум благодарен за дресот со посвета за роденденот на мојот син. Голем гест... Продолжи со напорната работа. Уште еднаш големо благодарам“ – напиша Уругваецот во постот на Инстаграм.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе