Премиерлига

Ливерпул пресилен за Арсенал, убедлива победа на „црвените“ (ВИДЕО)

Ливерпул го доби дербито со Арсенал на Енфилд, „црвените" беа пресилни за „топчиите" и славеа со убедливи 4-0.

Ливерпул им се врати на победите во Премиерлигата, вечерва избраниците на Клоп со 4-0 го совладаа Арсенал.

Домаќините имаа неколку добри шанси за водство, Рамсдејл умешно го чуваше својот гол, но и тој не можеше ништо кога во 39. минута по еден прекин, Мане со глава ја затресе мрежата за 1-0.

На стартот од вториот дел, Жота реализираше за 2-0. Португалецот на поклон доби една топка, лесно се ослободи од противникот, потоа го помина и голманот на Арсенал и рутински погоди за нова радост.

Во 74. минута Ливерпул поведе и со 3-0. Во школски пример за контра, Жота го исфрли Мане во фор, кој потоа му асистираше на Салах за 3-0.

Точка на мечот стави Минамино, кој само 48 секунди по влегувањето во игра погоди за 4-0.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе