Ливерпул

Ливерпул ја потврди тешката повреда на Ван Дајк

Ливерпул ги потврди лошите вести, Вирџил ван Дајк мора да оди на операција на лигаментите на коленото, дефанзивецот го очекува долга пауза, за него сезоната се чини дека е завршена. 

По еден опасен старт на Пикфорд, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда. Низ медиумите веднаш проструи веста дека се работи за скинати лигаменти и сезоната за дефанзивецот е завршена. 
 
Ливерпул денеска потврди дека се работи за оштетување на лигаментите и Ван Дајк ќе оди на операција.
 
„Ливерпул може да потврди дека Вирџил ван Дајк ќе оди на операција на коленото по повредата на мечот со Евертон. Централниот дефанзивец има оштетување на лигаментите на коленото по инцидентот со Џордан Пикфорд. Тестовите покажаа дека ќе биде потребна оперција. Нема специфичен период за враќање на теренот во овој момент. По операцијата, Ван Дајк ќе почне програма на рехабилитација со медицинскиот тим на клубот со цел да се врати колку што е можно побрзо“, се вели во соопштението на Ливерпул.
 
Прогнозите се дека Ван Дајк околу 7 до 8 месеци ќе биде надвор од теренот, а тоа би значело и крај на сезоната за него.
 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе