Манчестер Сити ќе треба да се помачи против Астон Вила за да ја одбрани титулата во Премиерлигата, Ливерпул остана во битката откако вечерва славеше на гостувањето.
Јирген Клоп направи огромни промени за овој меч, „црвените“ играа со втор тим но на крајот се радуваа на триумф од 1-2.
Домаќините добро го отворија мечот и со голот на Редмонд поведоа со 1-0, но Минамино изедначи на 1-1 во 28. минута.
Откако гостите пропуштија неколку шанси, Матип со доза на среќа во 67. минута ја затресе мрежата на Саутемптон и донесе радост за „црвените“.