Премиерлига

Ливерпул го растури Евертон во градското дерби, победи за Челси и Манчестер Сити (ВИДЕО)

Ливерпул го доби градското дерби, „црвените" го надиграа Еввертон и триумфираа со 1-4 на Гудисон, гостински победи забележаа и Челси и Манчестер Сити за статус кво на врвот на табелата.

Ливерпул ја продлабочи кризата на Евертон, „карамелите“ се без победа повеќе од два месеци и на последните осум натпревари имаат дури шест порази.

Вечерва на Гудисон, „црвените“ го надиграа градскиот ривал и триумфираа со 1-4. Резултатот г оотвори Џордан Хендерсон, за десет минути подоцна Салах да истрча контра и да реалира за 0-2.

Греј во 38. минута намали на 1-2, но тоа беше се што направија домаќините. По дваесет минути игра во второто полувреме, Салах по втор пат се запиша во листата на стрелци, за Жота во 79. минута да го постави конечниот резултат.

На врвот на табелата нема промени откако Челси со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Вотфорд, а со истиот резултат, Манчестер Сити ја совлада Астон Вила и му го нанесе првиот пораз на Стивен Џеарард.

На останатите три денешни натпревари немаше победник, Саутемптон одигра 2-2 против Лестер, Вест Хем и Брајтон ремизираа 1-1, а на дуелот помеѓу Вулверхемптон и Барнли немаше погодоци.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе