Премиерлига

Ливерпул го победи Њукасл и се качи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Ливерпул со 1-0 го победи Њукасл и се качи на првото место на табелата во Премиерлигата каде можеби ќе биде и само неколку часа во зависност од резултатот кој ќе го оствари Манчестер Сити на гостувањето кај Лидс. 

Меѓу двата меча против Виљареал во Лигата на шампионите, Ливерпул освои важни три бода од гостувањето кај Њукасл кој беше во одлична форма пред овој меч со четири победи по ред.
 
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 19. минута кога Кеита најдобро се снајде и погоди за водство на Ливерпул од 1-0 што беше и конечен резултат.
 
До крајот на натпреварот Ливерпул имаше уште неколку одлични шанси за гол но не успеа да постигне втор погодок. Сепак целта е остварена, трите бода се освоени.
 
По оваа победа Ливерпул се качи на првото место на табелата, а дали ќе остане само ако Манчестер Сити не успее да победи на гостувањето кај Лидс.
 

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе