Премиерлига

Ливерпул го победи Арсенал, Жота дебитираше со гол (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-1 го победи Арсенал во дербито на колото во Премиерлигата, новото засилување за црвените, Диого Жота дебитираше со гол. 

Иако почна повлечено, Арсенал во 25. минута поведе на Енфилд, Александре Лаказет искористи една грешка на Робертсон и постигна гол за водство од 1-0.
 
Но водството на Арсенал траеше само три минути, тогаш Садио Мане реализираше за изедначување на 1-1, а веќе во 34. минута Робертсон постигна гол за водство од 2-1 и се извади за грешката.
 
Во 80. минута во игра влезе новото засилување Диего Жота и само осум минути подоцна постигна гол поставувајќи го конечниот резултат од 3-1.
 
Ливерпул има три од три на стартот во Премиерлигата и им се приклучи на врвот на Лестер и Евертон кои исто така имаат перфектен старт на сезоната.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе