Лига Куп

Ливерпул го победи Арсенал на Емирати и закажа финале со Челси (ВИДЕО)

Ливерпул со 2-0 го победи Арсенал на негов терен и се пласираше во финалето на Лига Купот каде против Челси ќе се бори за првиот трофеј оваа сезона. 

Натпреварот на Енфилд заврши без голови, а тоа ги зголеми надежите на Арсенал дека можат да го поминат Ливерпул, особено сега што во црвениот дрес не играат Салах и Мане.
 
Но, тоа не се случи, тимот на Клоп излезе како победник во овој двомеч откако денеска постигна два гола на Емирати, а не прими ниту еден.
 
Херој на Ливерпул беше Диого Жота кој ги постигна и двата гола, по еден во двете полувремиња.
 
На Жота му лежи Емирати, од два одиграни меча на овој стадион има постигнато четири голови.
 
Ливерпул во финалето ќе игра со Челси кој претходно го елиминираше Тотнем.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе