Литванија имаше водство во поголем дел од натпреварот, а во средина на третиот период имаше предност и од највисоки 11 поени разлика, 58-47.
Но, нивната позитива почна да се топи, Шпанија во финишот од мечот го сврте резултатот и дојде до водство од 83-81, но Литванија со кош во последните моменти успеа да го однесе мечот во продолжение.
Во продолжението Шпанија многу подобро се снајде и на крајот славеше дури и убедлива победа од 102-94.
Најдобар во составот на Шпанија беше Браун со 28 поени, Вили Ернангомез постигна 21. Кај Литванија, Кузминскас постигна 18, Браздеикис 17.
Шпанија во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Финска и Хрватска.