„Каталонците“ и „топчиите“ добија рок

Лион со ултиматум до Барселона и Арсенал

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола вечерва испрати ултиматум до Барселона и Арсенал, имаат рок до петок да го купат Мемфис Депај и Усем Ауар.

Трансфер пазарот е отворен до 5. октомври, но Барселона и Арсенал ќе треба да побрзаат доколку сакаат да го купат Мемфис Депај, односно Усем Ауар.

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола вечерва испрати ултиматум и постави рок до петок.

„Оние кои нема да заминат до петок, ќе останат во Лион. Нема да го чекаме крајот на трансфер пазарот“ - порача првиот човек на Лион.

Ола вчера изјави дека понудата на Арсенал за Ауар не е доволна, а претходно откри дека Барселона нема пари за Депај и нема доставено понуда. 

„Каталонците“ изминативе денови успеаја да се ослободат од неколку играчи, па останува да се види дали ќе тропнат на вратата на Лион.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе