„Белите“ имаат пари за трошење

Лидс понуди двојно повеќе од Милан за трансфер на Де Кетеларе

Лидс нуди 40 милиони евра за ангажман на Шарл де Кетеларе од Клуб Бриж, ова е двојно повеќе од предлогот кој го достави Милан.

Лидс има пари за трошење откако Калвин Филипс се пресели во Манчестер Сити а на излезни врати е и Рaфиња.

Една од желбите на „белите“ е талентираниот Шарл де Кетеларе од Клуб Бриж и последните информации велат дека Лидс понудил 40 милиони евра.

Ова е двојно повеќе од предлогот на Милан, пред неколку дена беше објавено дека „росонерите“ доставиле прва понуда и на маса ставиле 20 милиони евра. 

Се шпекулира дека Шарл де Кетеларе преферира прселба на Сан Сиро, фудбалерот веќе разговарал со Стефано Пиоли и му се допаднало она што го слушнал. 

Па сега на потег се Малдини и Масара, кои ќе треба да ја пронајдат вистинската формула или во спротивно ризикуваат да им се повтори ситуацијата со Свен Ботман, кој на крајот ја одбра побогатата понуда на Њукасл.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе