Македонскиот фудбалер вреди најмногу

Леванте со продажба на Барди ќе ја пополнува финансиската дупка?

Леванте има финансиска дупка која треба да ја пополни, а Барди е еден од играчите на кои можат да им извадат највисока сума доколку ги продадат.

Шпанските медиуми пишуваат дека Леванте мора да продава за да ја оствари планираната финансиска проекција. Во моментов клубот е во минус и има рок до 30 јуни да ја анулира таа негатива.

Тоа не може да го стори без да продаде некоја од своите ѕвезди, се верува дека на Барди можат да му извадат најмногу пари па тој ќе биде и прва опција за продажба.

Се шпекулира дека Њукасл е сериозно заинтересиран за Барди, англискиот премиерлигаш го сака македонскиот фудбалер уште во јануари, но Леванте може да калкулира со негова продажба бидејќи не мора да го продаде уште во зимскиот преоден рок.

Што ќе одлучи ќе зависи и од понудите кои ќе ги добие. Ваквиот развој на настаните може да му донесе поатрактивен клуб на Енис Барди.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе