Го пропушта мечот со Атлетик Билбао

Леванте потврди, Барди повторно е повреден

Леванте информираше дека македонскиот фудбалер, Енис Барди заработил повреда на тренинг поради која ќе го пропушти дуелот со Атлетик Билбао. 

Барди паузираше три месеци поради повреда на грбот, а сега брзо откако се врати повторно треба да биде надвор од теренот.
 
Овој пат станува збор за полесна повреда на бутниот мускул за која веројатно ќе му треба пауза од само неколку дена.
 
„Енис Барди изаработи мускулна повреда во десната нога. Му беа направени медицински тестови откако почувствува нелагодност на утринскиот тренинг. Тој нема да биде во комбинација за петочниот меч против Атлетик Билбао, неговата состојба ќе се следи и се надеваме дека ќе биде фит за полуфиналниот меч од купот на Шпанија“, се вели во соопштението на Леванте.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе