Ла Лига

Леванте никако да победи во Ла Лига, убедлив пораз од Гранада (ВИДЕО)

Ремито против Аатлетико Мадрид не донесе нов ветар во Леванте, тимот на Барди денеска загуби со 3-0 на свој терен од Гранада. 

Барди беше стартер и на теренот се задржа до 72. минута кога беше повлечен од игра. Нашиот фудбалер имаше шанси за гол, не успеа и на овој меч да погоди.
 
Гранада даде гол уште во 7. минута преку Санчез, во 38. минута погоди Суарез за 0-2, конечните 0-3 ги постави Пуертас во 69. минута.
 
Леванте по 12 одиграни кола уште нема ниту една победа, со шест нерешени е на претпоследната позиција.
 
Наскоро се очекува тренерска смена, Хавиер Переира е пред отказ.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе