Барселона

Левандовски: Во Барселона се чувствувам како дете кое има нова играчка

Роберт Левандовски уште еднаш објасни зошто го напушти Баерн Минхен, напаѓачот вели дека по 12 години во Бундеслигата морал да ја промени средината.

Левандовски очајно посакуваше да си замине од Баерн Минхен и да се пресели во Барселона, на крајот тоа се случи, мисијата му успеа иако не беше лесно.

Во последното интервју тој уште еднаш ја потенцираше потребата од промена во кариерата и животот како главна причина за трансферот.

„Јасно ми е дека повредив многу фанови, го разбирам тоа и можам само да им се извинам“, вели Левандовски.

„Ми беше важно и неопходно да направам промена. На крајот на денот, сите сме луѓе. По 12 години во Германија, морав да ја завршам мојата ера таму и да пробам нешто ново“.

„Знам дека не беше лесно за Баерн да прифати продажба. Ситуацијата беше тешка за сите вклучени, но моравме да го најдеме најдоброто решение“.

„Оваа промена ми беше потребна, да се преселам во нова земја, во нов клуб. Сега се чувствувам како дете кое има нова играчка“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе