Саудиска Арабија прикажа уште една одлична партија, го имаше поседот на топката, упати двојно повеќе удари од противникот, но Полска се радуваше на победа и три бода.
Резултатот беше отворен во 39. минута, Левандовски му асистираше на Зелински за водство од 1-0.
Саудиска Арабија можеше веднаш да изедначи, со ВАР беше досуден пенал, но Шчесни го одбрани ударот на Ал Давсари, а одлично реагираше и по одбиената топка, и со нова интервенција не дозволи неговата мрежа да биде затресена.
Шчесни потоа имаше уште една одлична одбрана на стартот од вториот дел и не дозволи изедначување.
На спротивната страна, Милик ја затресе пречката а Левандовски ја погоди стативата. Полска сепак успеа да ги осигура трите бода во 82. минута, кога Левандовски му одзеде топка на Малки на 16 метри и рутински реализираше за својот првенец на Светските првенства и 2-0.