„Каталонците“ наредија три победи во Ла Лига откако вечерва со 0-3 славеа на „Рамон Санчез Писхуан“.
Гостувањата во Севиља секогаш се незгодни но Барселона со моќно издание ги освои трите бода.
Резултатот го отвори Рафиња во 21. минута, а Левандовски зголеми на 0-2 во 36. минута. Конечните 0-3 беа дело на Ерик Гарсија по пет минути игра во второто полувреме.