Не му се допаѓа тоа што „баварците“ го меркаат Норвежанецот

Левандовски му се налутил на Баерн поради Халанд

Според пишувањата на Билд, Роберт Левандовски му се налутил на Баерн Минхен поради коментарите на Хасан Салихамиџиќ, кој не крие дека добро внимаваат и го го следат Ерлинг Халанд.

Роберт Левандовски смета дека Баерн Минхен не го цени доволно, Полјакот им се налутил на „баварците“ поради коментарите на Хасан Салихамичиќ наменети за Ерлинг Халанд.

Неодамна, спортскиот директор рече: „60 погодоци на 60 натпревари, секако дека го следиме, не сме аматери“.

Билд пренесува дека не се исклучува можноста за трансфер во 2022 година, но појасна слика ќе се има на стартот од следната година, неговиот агент Пини Захави планира да седне на преговори со раководството на Баерн во февруари или март.

Весникот исто така додава дека ова не е единствениот проблем, фрустрации кај голгетерот има и поради играта на Баерн односно тоа што не добива многу топки и не е доволно инволвиран во играта.

На мечот против Гројтер Фирт, Роберт Левандовски не постигна гол за прв пат по 15 натпревари во Бундеслигата (пропушти да го изедначи рекордот на Герд Милер). По крајот на мечот, Јулијан Нагелсман морал да го теши напаѓачот, а тој не се појавил ниту на настанот со соиграчите кои бил организиран од страна на Мануел Нојер.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе