Лига на шампиони

Левандовски е во страшна форма, Баерн вторпат го надигра Челси (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 4-1 ја доби пресметката со Челси на Алианц арена и со вкупни 7-1 се пласираше на Ф8 турнирот. Роберт Левандовски уште еднаш покажа дека е во страшна форма, напаѓачот постигна два гола и забележа две асистенции.

Баерн Минхен наметнува кандидатура за титулата во Лигата на шампионите. Избраниците на Ханси Флик вечерва уште еднаш го растурија Челси и со вкупни 7-1 се пласираа на Ф8 турнирот во Португалија.

Роберт Левандовски го отвори резултатот по десет минути игра, Полјакот од пенал погоди за 1-0. Во 24. минута од мечот,  Челси загуби топка во опасната зона, а Роберт Левандовски му асистираше на Иван Перишиќ за 2-0.

Пред крајот на првиот дел, Тами Абрахам намали на 2-1, но тоа беше се што сторија гостите.

По половина час игра во вториот дел, Левандовски му додате на Толисо за 3-1, за голгетерот во 83. минута да ги постави конечните 4-1. За Левандовски ова беше 53-ти гол оваа сезона, односно 13-ти во Лигата на шампионите.

Следен противник на Баерн Минхен е Барселона, „каталонците“ треба да бидат загрижени од игрите кои ги прикажува шампионот на Германија.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе