Мечот почна добро за ПСВ, со гол на Захави во 27. минута поведе со 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме, но работите се променија во вториот дел.
Во 77. минута Медисон го изедначи резултатот на 1-1, а десет минути подоцна Переира погоди за победа на Лестер од 2-1.
Лестер во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Рома и Бодо/Глимт, норвешкиот тим има предност од 2-1 по првиот натпревар.