Премиерлига

Лесно падна и Шефилд јунајтед, Ливерпул ЕДНА година не знае за пораз во Премиерлигата! (ВИДЕО)

Ливерпул триумфално ја започна 2020, вечерва „црвените" без многу проблеми со 2-0 го совладаа Шефлид јунајтед за нови три бода и продолжување на фантастичната серија и една година без пораз во Премиерлигата.

Машинеријата на Јирген Клоп го „сомеле“ и Шефилд јунајтед. Во последниот натпревар од првото коло во 2020, Ливерпул славеше со 2-0 и прокнижи нови три бода.

Резултатот беше отворен веќе во 4. минута, Робертсон му асистираше на Салах за водство од 1-0. Сите дилеми околу победникот беа решени во 64. минута, Салах тогаш беше во улога на асистент а Мане ја затресе мрежата на гостите за 2-0.

Со овој триумф, Ливерпул се врати на +13 на врвот на табелата со натпревар помалку и ја продожи фантастичната серија. „Црвените“ една година не знаат за пораз во Премиерлигата, последен пат загубија од Манчестер Сити на 3. јануари 2019.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе