И покрај тоа што фудбалот беше погоден од ковид криза и приходите се намалија, платите на фудбалерите продолжуваат да растат. Весникот Л’Екип традиционално ги објавува платите во Лига 1 и откри какви се примањата во најсилното првенство на Франција.
Сосема очекувано, ПСЖ доминира на листата, просечна бруто месечна плата на „Паркот на принцовите“ е 999.000 евра и 14 од првите 15 имиња на листата се од редовите на „светците“.
Можеби изненадува тоа што на врвот е Нејмар, кој има месични примања од нешто над 4 милиони евра бруто. Потоа следува Лео Меси со 3.375.000 милиони а Килијан Мбапе е на третото место со 2.200.000 милиони евра.
Весникот појаснува дека Лео Меси има огромен бонус за лојаност од 15 милиони евра бруто, па затоа е само втор, а Килијан Мбапе одбива да стави потпис на нов договор и затоа е зад двајцата колеги од нападот, во спротивно ќе бил на врвот.
10-те најплатени фудбалери во Лига 1:
Нејмар: €4.083.000
Лео Меси: €3.375.000
Килијан Мбапе: €2.2200.000
Маркињос: €1.200.000
Марко Верати: €1.200.000
Ашраф Хакими: €1.083.000
Кејлор Навас: €1.000.000
Анхел Ди Мариа: €950.000
Џини Вајналдум: €916.000
Џиџо Донарума: €916.000