НБА

Лејкерс со убедлив триумф почна против Денвер, брилијантна партија на Дејвис (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс без проблеми ја доби првата битка против Денвер од финалната серија на западот, победија со 126:114, Ентони Дејвис беше играчот на натпреварот. 

ЛА Лејкерс одигра доминантна партија против Денвер. По неизвесната прва четвртина, езерџиите како да уфрлија во поголема брзина и почнаа да се одлепуваат.
 
На почетокот од последната четвртина Лејкерс водеа и со 27 поени разлика, до крајот на мечот Денвер успеа само да ја ублажи разликата за поразот да не изгледа толку страшно.
 
Ентони Дејвис беше брилијантен, постигна 37 поени, имаше и десет скокови, Леброн Џејс имаше 15 поени и 12 асистенции. Во составот на Денвер, Јокиќ и Мареј постигнаа по 21 поен.
 

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе