Лејкерс и во четвртфиналето тргнаа со пораз, тогаш од Портланд, а сега истото им се случи и од Хјустон.
Лејкерс имаа водство само на стартот од мечот, половина од првата четвртина, потоа Хјустон дојде до предност која не ја испушти до самиот крај.
Харден со 36 поени беше играчот на мечот, Вестбрук постигна 24 поени. Кај Лејкерс Дејвис со 25 поени и 14 скока беше најдобар, Леброн постигна 20 поени.
Мајами е на прагот да направи сериозно изненадување и да го елиминира Милвоки. Хит синоќа дојдоа и до третиот триумф во полуфиналната серија, славеа со 115:100.
Победата беше извојувана благодарение на неверојатната последна четвртина која Мајами ја доби со 40:13.
Батлер имаше уште една извонредна партија постигнува 30 поени, одличен беше Адебајо со 20 поени и 16 скокови, Драгиќ мечот го заврши со 15. Во тимот на Бакс, Лопез имаше 22 поени, Адетокумбо имаше 21 поен и 16 скокови.
Резултати:
Мајами - Милвоки 115:100 (3-0)
ЛА Лејкерс - Хјусон 97:112 (0-1)