Претседателот на Барса соопшти добри вести

Лапорта соопшти „бомба“ за време на презентацијата на Кунде

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за време на презентацијата на Жил Кунде откри дека е договорена продажба на 25% од Барса Студиос за 100 милиони евра, пари со кои ќе можат да се регистрираат засилувањата.

„Каталонците“ денеска го промовираат Жил Кунде како ново засилување а Жоан Лапорта го искористи настанот за да соопшти нови добри вести.

Договорена е продажба на 25% од Барса Студиос, зделката со која ќе можат да се регистрираат засилувањата.

„Си ја завршивме домашната задача и без проблеми ќе можеме да ги регистрираме играчите“ – порача Жоан Лапорта, кој откри дека socios.com е тој ќе ја наполни касата на клубот со 100 милиони евра.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе