Претседателот на Барса пружи рака за помирување

Лапорта ја појасни изјавата со која го навлече гневот на Меси

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека погрешно бил разбран кога кажал дека Лео Меси можел да игра беспари, појаснува дека никогаш не му предложил нешто вакво на Аргентинецот.

Жоан Лапорта пред да стане претседател ветуваше дека ќе го задржи Лео Меси на Камп Ноу, се чинеше дека ќе го одржи дадениот збор и кога се очекуваше Аргентинецот да стави потпис на нов договор, „каталонците“ се повлекоа во последен момент.

Барселона се правдаше дека не може да ја продолжи соработката со напаѓачот поради правилата за финансиски фер-плеј на Ла Лига, па Лео Меси си ги спакува куферите и се пресели во ПСЖ.

Во едно интервју, Жоан Лапорта рече дека се надевал на гест од Лео Меси, да прифати да игра беспари, изјава која го налути фудбалерот, и предизвика остар одговор.

„Како што кажав и кога си заминав, сторив се што можам за да останам. Во ниту еден момент не беше побарано од мене да играм беспари. Беше побарано да ја намалам платата за 50% и го сторив тоа без проблем. Бев подготвен да помогнам и повеќе, мојата желба и желбата на моето семејство беше да останеме во Барселона. Никој не побара од мене да играм беспари, мислам дека коментарите на претседателот не беа на место. Ме болат, сметам дека немаше потреба да го каже тоа, како да сакаше да ја тргне вината од себе. Луѓето ќе почнат да генерираат одреден сомнеж и мислам дека не го заслужив тоа“ – рече Меси минатиот месец.

Жоан Лапорта сега ја појасни својата изјава и вели дека погрешно бил разбран.

„Видете, во една радио емисија ме прашаа за можноста Меси да останал и да играл беспари и јас реков дека едно такво сценарио било можно... Но да, јас никогаш не го прашав Меси да игра беспари и немав намера да го прашам бидејќи знаевме дека има важна понуда од друг клуб и аспурдно е да го прашаме да игра беспари во таква ситуација“ – вели Жоан Лапорта.

„Контроверзијата настана поради тоа што јас бев лошо протолкуван“.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе