четврток, 28 март 2024

Баерн шкртнал четири звучни имиња и може да изненади со изборот на наследникот на Тухел

Според пишувањата на Кикер, раководството на Баерн Минхен решило да ги шкртне Антонио Конте, Жозе Мурињо, Зинедин Зидан и Јулијан Нагелсман во потрагата по нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Плановите на Баерн Минхен за наследник на Томас Тухел и понатаму се топ тема во фудбалските шпекулации. Се верува дека Чаби Алонсо е прв избор, но „баварците“ разгледуваат и други опции доколку Шпанецот одбие да се пресели на „Алианц Арена“.

Новинарот на Кикер, Георг Холцнер попладнево објави дека веќе се шкртнати четири имиња, па Антонио Конте, Жозе Мурињо, Зинедин Зидан и Јулијан Нагелсман не се во игра за клупата на Баерн Минхен.

Роберто Де Зерби е опција зад која особено стои спортскиот директор Макс Еберл, но челниците на Баерн имаат сомнежи поради тоа што стратегот не говори германски.

Георг Холцнер на крајот објаснува дека во Баерн можат да изненадат со изборот, и да го именуваат Ралф Рангник за нов тренер, актуелниот предводник на селекцијата на Австрија се посочува како прва алтернатива доколку Чаби Алонсо каже не.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ