ФА Куп

Лампард знае само за победа против Хал, Челси се пласираше во 5. коло од ФА Купот (ВИДЕО)

Челси славеше на гостувањето кај Хал со 1-2, Миши Батшуаји и Фикајо Томори на „сините" им донесеоа учество во 5. коло од ФА Купот.

Френк Лампард знае само за победа против Хал, Англичанецот има славено против „тигрите“ како играч на Челси, играч на Манчестер Сити, тренер на Дерби, a сега и како тренер на Челси.

„Сините“ вечерва со 1-2 го совладаа Хал за пласман во 5. коло од ФА Купот. Миши Батшуаји рано донесе водство од 0-1, неговиот удар закачи еден играч на домаќините и го измами голманот. Томори во вториот дел ги реши сите дилеми и нафрлената топка на Баркли ја смести во мрежата за 0-2.

Гросицки со голема доза на среќа намали на 1-2 во 78. минута од слободен удар и ја направи завршницата возбудлива, но Хал немаше сили да го изненади фаворитот.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе