Раководството на Челси донело одлука да се раздели со Френк Лампард. Тој 19 месеци беше на кормилото, но резултатската криза од последниот период му пресуди.
Одлуката се очекува да биде официјално соопштена во текот на денешниот ден.
Се пишува и дека следен тренер на Челси ќе биде Томас Тухел, наводно двете страни веќе си подале рака за соработка.
Челси во моментов е на деветото место на табелата со дури шест порази и пет нерешени меча од 19 одиграни натпревари.