Лига на шампиони

Лајпциг испишува клупска историја, Германците го исфрлија Атлетико и се пласираа во полуфинале на ЛШ (ВИДЕО)

Лајпциг со 2-1 го победи Атлетико Мадрид и за прв пат во својата историја ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите во кое ќе се сретне со ПСЖ. 

Атлетико Мадрид беше фаворит во дуелот со Лајпциг, но момците на Нагелсман одиграа фантастичен меч и сосема заслужено го елиминираа шпанскиот тим.
 
Диего Симеоне ја играше својата игра, Атлетико Мадрид беше фокусиран на дефанзивата се додека не прими гол. Лајпциг беше тимот кој се обидуваше да дојде прв до погодок.
 
Тоа им успеа по шест минути игра во второто полувреме кога Олмо погоди со глава за водство од 1-0.
 
Атлетико Мадрид тргна кон израмнување и тоа им успеа во 71. минута. Добија пенал по фаул врз Жоао Феликс, Португалецот ја изведе најстрогата казна и погоди за 1-1.
 
Се чинеше дека мечот ќе отиде во продолженија, но во 88. минута Адамс шутираше од далечина, топката го удри Савиќ, го измами Облак и заврши во неговата мрежа.
 
Атлетико Мадрид со сите сили се обидуваше да дојде до нов гол во судиското продолжение но Лајпциг успеа да се одбрани и на крајот да се радува на полуфинале.
 
Првото полуфинале во Лигата на шампионите е дуелот меѓу ПСЖ и Лајпциг.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе