Куп на Германија

Лајпциг го освои Купот на Германија, нивниот прв голем трофеј во историјата (ВИДЕО)

Лајпциг на пенали го победи Фрајбург и го освои Купот на Германија, ова е историски ден за овој клуб бидејќи ова е нивниот прв голем трофеј. 

Фрајбург добро го почна мечот, дојдоа во водство со гол на Егештајн во 19. минута.
 
Во 57. минута работите за Фрајбург станаа уште подобри откако Халстенберг доби црвен картон.
 
Но и покрај тоа што играа со фудбалер помалку, фудбалерите на Лајпциг успеаа да излезат од таквата ситуација. Во 76. минута Нкуку даде гол за израмнување на 1-1.
 
Со тој резултат завршија 90 минути па се играа и продолженија но и во нив немаше нов гол па пеналите го решаваа победникот.
 
Во пенал серијата Лајпциг ги даде сите четири гола, Фрајбург промаши двапати и го загуби мечот.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе